• 13.11.2025

    Почитувани љубители на борењето, оваа година Боречкиот Клуб “Бучим Радовиш” одбележува Јубилеј 30 години од освојувањето на Европскиот Шампионат. Далечната 1995 година Бк Бучим-Јака предводена од Проф.др Ванчо Чифлиганец со заслуга на борачите и тренерите го освои првото место на Европското Првенство во Борење со што се искачи на пиедесталот и напиша историја во македонското борење и македонскиот спорт. Оваа Година по (VI) Шести Пат се одржува Меморијалниот Турнир “ТРОФЕЈ ШАМПИОНИ БОРЕЧКИ ЛЕГЕНДИ” 2025 Радовиш. Особена чест ни претставува да ве поканиме да присуствувате на турнирот кои се одржува на ден 22.11.2025 година.

  • 25.10.2025

    Успешно завршен Меморијалниот Турнир”ТОНИ ТАНЧЕВ” Борачите на БК Бучим со освоени 3-Златни Медали 3-Сребрени Медали 2-Бронзени Медали Филип Зајков го освои и Трофејот Најдобар Борач На Турнирот Честитки

  • 11.10.2025

    Последен поздрав за Гари Модосјан. За жал денес не напуштил овој Врвен спортист/спортски работник кој засекогаш ке остане запаметен од Бк Бучим.

  • 10.10.2025

    Честитки за Марио Ананиев за освоен бронзен медал од Балканското Првенство во Романија

  • 07.10.2025

    1995 год.- 2025 год. 30 (триесет) години од ЗЛАТНОТО ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО Бучим Јака – Раовиш VS Тедас Р. Турција. 21.10.1995

  • 05.10.2025

    Во деновите што претстојат борачи на Бк Бучим Радовиш ќе учествуваат на Балканско Првенство У15/У17/У20 кое ке се одржи во Клуж-Напока, Романија. Категорија Пионери У15 ке настапат Изабела Зајков и Димитар Атанасов. Категорија Кадети У17 ке настапи Марио Ананиев. Категорија Младинци У20 ке настапат Илија Атанасов и Мехмед Усинов. Вечерва заминуваат Изабела Зајков и Димитар Атанасов а покасно ке се приклучат и останатите Борачи. Спортски Поздрав

  • 25.03.2025

    Голема Благодарност до тренерот Горан Атанасов за досегашното несебично вложување во Бк Бучим Радовиш како борач и тренер на клубот. Тренер со 30 годишна кариера во Клубот. Му благодариме за досегашниот вложен труд, успех во иднина на професионално и лично ниво. Спортски Поздрав

  • 10.02.2025

    Голема Благодарност до поранешни борачи од Боречкиот клуб “Бучим Радовиш” кои донираа спортска опрема, патики за младинската и сениорската екипа: Мите Јованов Лазе Ристов Спасе Тодоров Игор Томов Игор Стојанов Благодарност до човекот кој донира во сите Спортски клубови во Радовиш Vane Gurumix. Благодарност и до Coffee Bar Route 66 до Сопственикот Методија Зајков кој донираше опрема за пионерската група. Благодарност за несебичната поддршка на клубот.

  • 16.05.2024

    Марио Ананиев освои бронзен медал во борење на Европското првенство во Грција