• Meѓународен турнир за јуниори ,,СТАРОЗАГОРСКА БОРЦОВА СЛАВА” 13-14.03.2026 год. Стара Загора-Бугарија

    Одличен настап на нашите Борачи Мехмет Усинов и Илија Атанасов на Меѓународниот Турнир “Старозагорски Боречки Легенди “Освоени Два Златни Медали. Екипата предводена од Тренерите Могамед Ибрагимов и Влатко Анчев ги освоија Златните Медали во своите категории, додека Мехмет Усинов го исвои и трофејот Најдобар Странски Борач. Илија Атанасов имаше Три борби кои ги освои со Туш. Мехмет Усинов Имаше четири борби каде освои две победи со технички туш и две победи на Поени . Честитки …

  • Ивица Карапетров нов претседател на БК БУЧИМ-Радовиш

    На ден 09.03.2026 година во просториите на најтрофејниот Боречки клуб во Македонија – Бучим од Радовиш се одржа Редовно Изборно собрание на кое се избра нов Претседател и нов Управен одбор. За нов Претседател на клубот  е избран Ивица Карапетров кој доаѓа од Генералниот спонзор на клубот рудникот за бакар Бучим каде ја извршува функцијата Заменик Управител, за потпретседатели се избрани довчерашниот претседател Владо Лазаров и Горан Ристов, додека за спортски Директор на клубот е избран три кратниот Европски шампион и Вице Шампион на Светот,  освојувачот на првиот олимписки медал на Македонија и член на златната генерација на Бучим – Магомед Ибрагимов, за Генерален секретар е избран Славчо Тодоров додека за стручен секретар Љубе Тодоров. Новото раковдство најавува враќање на клубот на старите патеки со амбициозен план и враќање на врвот во Македонија и освојување на голем број медали од Меѓународни првенства како и од Европски, Светски првенства и од Олимписки Игри во наредниот период. Зад клубот како Генерален спонзор како и досега ќе биде Рудникот за бакар и злато Бучим од Радовиш, Општина Радовиш како и Адора Инженеринг во сопственост на Почесниот претседател на клубот Проф. Д-р. Ванчо Чифлиганец.

  • Meѓународен турнир ,,Петко Сираков,, 26-28.02.2026 год. Софија-Бугарија

    На Меѓународниот турнир У23 кој се одржа во Софија-Бугарија ма кој земаа учество 15 земји од целиот свет, нашиот репрезентативен борач Мемет Усинов го освои 3-то место, во категорија 57 кг. За малку фалеше да се најде во финалето по поразот во полу финалето со 4-3.

  • Избор на Спортист на Град Радовиш 20.02.2026 год.

    Во Организација на Општина Радовиш на ден 20.02.2026 год. се доделија Признанија на Најдобрите спортисти за Изминатата 2025 Година. БК Бучим Освои Голем број на Признанија.Честитки за сите добитници. Голем мотив да се продолжи со напорната работа. Честитки до Општина Радовиш за Одличната Организација. Добитници на овие признанија од Нашиот клуб се Димчо Ангелов -признание за спортски достигнувања Наумче Трајанов -признание за спортски достигнувања Горан Ристов-признание за спортски работник Надица Ефтимова- признание за спортски достигнувања Изабела Зајков -признание за најдобар спортист во категорија Пионери Илија Танчев-признание за најдобар спортист во категорија Кадети Димитар Атанасов-признание за најдобар спортист во категорија Пионери

  • Државно првенство за сениори 14.02.2026 год. Штип

    На 14.02.2026 година, Штип се одржа и Државното Сениорското првенство за сениори во машка и женска конкуренција Организирано од Боречката Федерација на Македонија, а кој земаа учество 70 натпреварувачи од 14 клубови. Бк Бучим Радовиш во екипна конкуренција го Освои третото Место. Поединечно Борачите ги постигнаа следните резултати: Мехмет Усинов 1 Место Михаијло Илиев 2 Место Младен Ефтимов 3 Место Тиме Јованов. 3 Место Ристе Ставрев 3 Место Ѓорги Јованов 3 Место Честитки за освоените Медали и благодарност до сите кои Учествуваа.

  • Државно првенство за кадети и У23, 07-08.02.2026 година. (Бучим екипен Државен првак У23)

    БОРЕЊЕ СЛОБОДЕН СТИЛ Државно У17 и У23 Штип 2026 Изминатиов викенд во салата Тошо Арсов во Штип се одржаа овие две натпреварувања. Државно првенство за кадети У23. Најуспешни во екипен пласман на У23 и државни прваци станаа борачите на Бк Бучим Радовиш, пред БК Лирија и БК Балканец. Бучим освоија два златни медали на Арон Николов во категорија 65 кг. и Илија Атанасов во категорија 125 кг. Втори места освоиа Мехмет Усеинов и Михо Илиев и трети места на Филип Глигоров, Ристе Ставрев, Давид Димов, Младен Ефтимов и Саамил Асанов. Во женска конкуренција Зорица Јованова На Државното првенство У17 во Бк Бучим Радовиш младата Изабела Зајков и Надица Ефтимова беа второпласирани кај дамите додека кај момците Илија Танчев и Климент Мијалов беа втори а Димитар Атанасов и Леон Тодоров беа третопласирани.Честитки и многу други успешни резултати

  • Државно првенство за пионери У15 и Јуниори У20 31.01. и 01.02.2026 год. Штип

    Овој викенд Бк Бучим Радовиш беше активен .Во Штип се одржаа државните првенства за У15 и У20 во машка и женска конкуренција . Во Категорија У15 Леонид Јованов Го освои Првото Место како и Надица Ефтимова во Женска Конкуренција .Одлично Трето Место односно Бронзен Медал Освои Теодор Костадинов-Борач од Кој очекуваме Одлични резултати Во Иднина. Категорија У20 Мехмет Усинов и Илија Атанасов Се закитија со Сребрени Медали Додека Илија Танчев и Ристе Ставрев Освоија Бронзени Медали .Честитки за Сите кои Учествуваа

  • 30.12.2025

    Прекрасна иницијатива на Ратко Рабаџиски. – “Ратко Такси” Нашите најмали Борачи од Дедо Мраз добија Новогодишни Пакетчиња. Благодарност до опшествено Одговорните Компании во Радовиш.

  • 20.12.2025

    Денес имавме ден исполнет со многу активности. Денес во Радовиш беше откриен споменикот “Бистата на Борачите”, донација од компанијата Адора Инженеринг на чело со Проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Од претставници на Рудникот Бучим бевме почестени со пакетчиња за најмалите Борачи. Голема благодарност до Општина Радовиш за прекрасната локација за ова спомен обележје. Благодарност до сите засегнати за беспрекорната организација.

  • 14.12.2025

    Денес Учествувавме на турнирот “Легендите на Спартак” кој се одржа во Кочани. Димитар Атанасов освои Златен Медал Костадин Лазаров освои Сребрен Медал Честитки..