Европски Шампиони

Куп на Европски Шампиони 1995

Во 1995 година, Бучим Јака прв пат учествуваше во Купот На Европските шампиони, во првото коло Бучим Јака се сретна со Фиаме Оро од Италија  на 02.09.1995 година, во Радовиш беше првата средба на која нашата екипа издвојува победа со резултат 10-0 или 37-1, во Радовиш настапија Влатко Соколов, Тони Анчев, Николчо Калајџиев, Тони Танчев, Васе Спасов и Трајан Ангелов како и 4 засилувања од Русија (Валери Верхушин, Гари Модосјан, Аслан Хагуров и Јури Голубовски).

Една недела покасно на 09.09.1995 година, во Неапол – Италија , нашите борачи беа повторно подобри со резлутат 8-2 или 32-7, победи за нашиот тим освоиа Влатко Соколов, Тони Анчев, Николчо Калајџиев, Тони Танчев, Валери Верхушин, Гари Модосјан,Аслан Хагуров и Јури Голубовски, додека поразени беа Горан Костадинов и Љубиша Пешко.

По убедливите победи против Фиаме Оро од Италија на ред беше Чепел од Унгарија. На 16.09.1995 година, во Радовиш гостуваше Чепел предводена од голем број репрезентативци на Унгарија.

Во тој натпревар во Радовиш падна и Чепел со резултат 6-4 или 23-16, Победи извојуваа Влатко Соколов, Тони Танчев, Васе Спасов, Валери Верхушин, Гари Модосјан и Аслан Хагуров, додека тесно проазени беа Тони Анчев, Трајчо Димков, Трајан Ангелов и Јури Голубовски.

По една недела следуваше и реванш мечот во Будимпешта каде во крајно рамноправен дуел победи шампионот на Македонија со резултат 7-3 или 22- 16, Победите ги обезбедија Влатко Соколов, Николчо Калајџиев, Тони Танчев, Валери Верхушин, Гари Модосјан, Јури Голубовски и Аслан Хагуров.

Нашата победа во Будимпешта, вополуфиналето против Унгарскиот клуб Чепел, ни овозможува да бидеме домаќини на финалниот натпревар во борење, на Европскиот шампионат.

Пред 6 000 публика во СРЦ во Радовиш, и уште двеилјадна публика која остана пред спортската сала, да гиследи натпреварите на видео бим. Финалето започна на 28.10.1995 год. помеѓу екипите на БК Бучим Јака од Радовиш и БК Тедаш од Турција.

Загреаната атмосфера вогледалиштето како да експлодира уште на самиот почеток, кога дури по продолжението во една рамноправна борба Тони Анчев за нијанса беше подобар од Ерхан Јурдакул, извојувајќи ја првата победа со 2-1 на поени.

Силниот турски претставник, со четири последователни победи, атмосферата во арената ја претвори речиси во театарска. Следеа мечевите на големите адути на радовишани, Валери Верхушин, Гари Модосјан, Аслан Хагуров и Јури Голубовски и нашиот ветеран, потврден Македонски шампион Данчо Вучков.

Валери Верхушин се бореше со турскиот репрезентативец Мурат Атмаџа кој го совлада убедливо со 3-0 на поени. Публиката овторно беше на нозе и еуфорично навиваше за Македонија.

Голем потвиг оствари Гари Модосјан кој во изворедна борба 6-0 на поени го совлада светскиот и Европски шампион Селахати Озтурк.

Стапи на сцена Аслах Хагуров во дуелот со АлтанИбрахим, издвојува победа со резултат 6-0. По оваа борба Бучим Јака за прв пат поведе со 15-13, Со овој резултат не само што се врати надежта, туку се повеќе се насетуваше победата.

Атмосферата воарената дојде до кулминација во крајно неизвесниот дуел меѓу Јуро Голубовски и Али Кајали кој беше 3 на Олимписките игри во Барселона 1992, во крајно неизвесна борба победи со резултат 3-2. Бучим Јака поведе со резултат 18-14.

Часот на одлуката дојде, во арената се појави Данчо Вучков легенда на Радовишкото борење, негов противник беше Махмут Демир моментално Светски и Европски шампион, со големото искуство и мудрост, Вучков го дочека истекот на петте минути, од Демир Махмут со резултат 8-2 на поени.

По оваа борба средбата заврши со резлутат 19-17 за Бучим Јака, Вучков и останатите Македонски борачи, заедно со Ванчо  Чифлиганец со кренати раце се најдоа на рамениците на гледачите, што беше само увод во општа веселба за гоелниот триумф.

Победничкиот трофеј и златните медали ги доделија Михаил Биро – Потпретседател на ФИЛА и Цено Ценов – Претседател на Европската Боречка федерација. Еуфоричното славје по освојувањето на шампиоnската титула од СРЦ 25 мај веднаш по мечот беше пренесено на улиците каде се прославуваше титулата до раните часови.