ЗА КЛУБОТ

БУЧИМ ЈАКА

Борачкиот клуб Бучим од Радовиш е формиран во 1962 година како секција во рамките на ДТВ Партизан во која се одвивале и сите акттивности, а подоцна кон крајот на 1963 година, секцијата прерасна во клуб кое првичното име му е Рудар.

Прв претседател на клубот е Никола Ѓоргичков кој се смета и за основополжник на борењето во Радовиш. Клубот во 60-те, 70-те и 80-те години секогаш е меѓу првите три клубови во Сојузната лига на Југославија во Слободен стил.

Во 1970 година на Европското првенство за јуниори во Хускварна-Шветска Павле Јованов Филков го освојува сребрениот медал додека Ванчо Монев е 4-ти а Димче Ангелов 6-ти.

Нјаблескавиот период во клупската Историја се 90-те години, кога тогашното раководство успева да обезбеди услови и да спроведе стратегија која е сон на сите генерации спортисти, спортски работници во Македонското борење. Најзаслужни за тој шампионски чекор, со кој ќе се испише најсветлата страница во клупската историја се проф. Д-р. Ванчо Чифлиганец, Влатко Гаврилов и Кирчо Сусинов.

Најпрво клубот беше Шампион во годините 1991, 1992, 1993, 1994 за да во 1995 година настапи во Купот на Европски Шампиони и со победите против Фиаме Оро од Неапол и Чепел од Унгарија се пласира во финалето каде беше подобар од тедаш од Анкара и стана Европски Шампион. За Бучим Јака настапија следните боррачи (Тони Анчев, Тони Танчев, Николчо Калајџиев, Влатко Соколов, Васе Спасов, Трајче Димков, Горан Косадинов, Валери Верхушин, Гари Модосјан, Аслан Хагуров, Јури Голубовски и Данчо Вучков тренер Димче Ангелов.

Во 1996 година, Бучим Јака учествуваше на Интерконтинеталниот Клубски Шампионат на кој учествуваа шампионите на Америка (Дејвид Шулц од САД) на Африка (Риверс од Нигерија) на Азија (Нихон од Јапонија), како и Бучим Јака Шампио  на Европа, во дводневни борби Бучим Јака успеа да ги совлада сие претставници и во финалето беше подобар од Дејвид Шулц од САД со резултат 26-15. За Бучим Јака настапија (Влатко Соколов, Николчо Калајџиев, Тони Танчев, Васе Спасов, Горан Костадинов, Севин Миленов, Пламен Пенев, Магомед Агаев, Елдар Куртанидзе, Генадиј Жилцов, Златко Димов и Роберт Танев, тренер Димче Ангелов)

Пехарот за најдобра екипа ја прогласи Г-динот Милан Ерцеган Претседател на Светската Боречка Федерација ФИЛА.

Во 1997 година Боречкиотт клуб учествуваше исто така во Купот на Европските Шампиони и го освои 3-то место, со пораз од ЦСКА Москва.

Наредната година во Радовиш беше организирано Европско првенство за јуниори на кој Македонија зема две бронзени медали.

Во 2000 година, членот на Бучим Јака, Магомед Ибрагимов на Олимписките Игри во Сиднеј-Австралија го освои третото место, претходно во 1998 година беше Европски првак и Втор на Светското првенство во Техеран-Иран.

Радовиш и Бучим Јака исто така се организатори на 9 Македонски Бисери (1986, 1994, 1996, 2000, 2002, 2007, 2012, 2015 и 2022 година) и една Балканијада во 1991 година.

Бучим Јака е 13-ти Шампион на Македонија во годините (1991, 1992, 1993, 1994, 1996, 1997, 1998, 2004, 2008, 2010, и 2013 год.).