Ивица Карапетров нов претседател на БК БУЧИМ-Радовиш
На ден 09.03.2026 година во просториите на најтрофејниот Боречки клуб во Македонија – Бучим од Радовиш се одржа Редовно Изборно собрание на кое се избра нов Претседател и нов Управен одбор.
За нов Претседател на клубот е избран Ивица Карапетров кој доаѓа од Генералниот спонзор на клубот рудникот за бакар Бучим каде ја извршува функцијата Заменик Управител, за потпретседатели се избрани довчерашниот претседател Владо Лазаров и Горан Ристов, додека за спортски Директор на клубот е избран три кратниот Европски шампион и Вице Шампион на Светот, освојувачот на првиот олимписки медал на Македонија и член на златната генерација на Бучим – Магомед Ибрагимов, за Генерален секретар е избран Славчо Тодоров додека за стручен секретар Љубе Тодоров.
Новото раковдство најавува враќање на клубот на старите патеки со амбициозен план и враќање на врвот во Македонија и освојување на голем број медали од Меѓународни првенства како и од Европски, Светски првенства и од Олимписки Игри во наредниот период.
Зад клубот како Генерален спонзор како и досега ќе биде Рудникот за бакар и злато Бучим од Радовиш, Општина Радовиш како и Адора Инженеринг во сопственост на Почесниот претседател на клубот Проф. Д-р. Ванчо Чифлиганец.


